• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Реновирана и осветена административна зграда за свештениците од Тетовското намесништво при МПЦ-ОА

27/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Свештениците од  Тетовското намесништво при Македонската Православна Црква (МПЦ-ОА) од денеска ќе имаат на располагање нови административни простории откако беше реновиран објект во непосредна близина на црквата Пресвета Богородица. Објектот во употреба е пуштен со благослов на митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф кој вчера изврши и осветување на овој објект.

-Митрополитот во сослужение на намесникот протоереј-ставрофор Мирко Станковски, старешината протоереј-ставрофор Томислав Јосифовски, ереј Велјанчо Огненовски, ереј Трпе Богоевски, ереј Илија Сламков и ѓакон Илија Деспотовски изврши осветување на новата административна зграда и административните простории. Воедно владиката на црковниот одбор при храмот и на ктиторите им додели благодарници и им заблагодари за ова богоугодно дело, информираат од Тетовско-гостиварската епархија.

По потреба дел од објектот ќе може да користи и како парохиска куќа за сместување на свештениците.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Новиот водоснабдителен систем ретко во употреба поради честите заматувања на водата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.